Бостон поведе против Далас во финалето на НБА лигата

Кошаркарите на Бостон поведоа со 1:0 против Далас во финалната серија од НБА лигата, откако на домашен терен победија со 107:89.

Селтикси кон средината на вториот дел стигна до максимални „плус 29“ позитива, но Далас не се предаде и успеа да ја намали предноста на осум поени со серија од 29:9 во третата четвртина.

Домашниот тим одговори со серија од 14:0 на крајот од третата четвртина и влезе во последниот дел со позитива од 22 коша разлика.

Бостон до победата го предводеа Џејлен Браун со 22 поени и шест скока и Кристапс Порзингис со 20 поени и шест скока.

Кај Маверикси подобар од останатите беше словенечкиот интернационалец Лука Дончиќ со 30 поени и 10 скока.

Во ноќта меѓу недела и понеделник во Бостон ќе се игра и вториот натпревар од финалната серија.