Претседателот на Република Српска – Милорад Додик вчера во Санкт Петербург се сретна со претседателот на Русија – Владимир Путин, со кого разговараше за ситуацијата во БиХ и Дејтонскиот договор како основа за развојот на БиХ.
Пред средбата се случи малку смешна ситуација кога Додик сакаше да се поздрави со рускиот лидер „трикратно на српски начин“, но сето тоа заврши во обид.
Путин изгледаше збунет од ситуацијата, па на крајот го тапна Додик по рамо и ги избегна другите двајца.
Kakav blam! pic.twitter.com/qKpJUJP9K7
— Biljana (@biljanicaaa) June 6, 2024
На средбата Додик рече дека Русија како сведок на Дејтонскиот мировен договор е единствената која останала на принципите на негово почитување, додека на западната страна е урната неговата имплементација.
Тој му се заблагодари на Путин за неговото принципиелно однесување во врска со неодамнешната седница на Генералното собрание на ОН.
Путин повтори дека Русија не го менува ставот во однос на Дејтонскиот договор и дека сметаат дека Дејтон е основа за зачувување на ситуацијата во Босна и Херцеговина, но и за развојот.
Путин рече дека е познат ставот на Русија и изјави дека надлежностите се утврдени во Дејтонскиот договор и дека Русија ќе придонесе за тоа.