Македонската фудбалска репрезентација првпат во својата историја е учесник во бараж за Светско фудбалско првенство.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски во полуфиналето од плејофот денеска од 20.45 часот ќе играат против европскиот шампион Италија, на гостински терен.
Домаќинот е голем фаворит, но „црвено-жолтите“ најавуваат бескомпромисна борба за секоја топка на стадионот „Ренцо Барбера“.
Победникот од овој меч во финалето ќе оди на гости кај поуспешниот од пресметката Португалија – Турција.