Две лица од Прилеп се полесно повредени во денешната сообраќајна несреќа после наплатна станица Сопот на автопатот Скопје-Велес.
-И двајцата се вон животна опасност и по неколкучасовна опсервација во велешката Општа болница самите побарале и биле пуштени на домашно лекување, информираа од ЈЈУ Општа болница Велес.
Со возило на итна помош претходно биле донесени во Ургентниот центар на велешката болница и им била направена томографија на глава и биле оставени во болница на опсервација.