Дмитриј Медведев – екс рускиот претседател ги обвини САД дека прават планови за дестабилизација на Русија и скицираат сценарио кое води до нуклеарна војна.
„По распадот на Советскиот сојуз, Русија стана цел на „примитивна војна“ во која Русија треба да биде „понижена, исолирана, потресена, поделена и уништена“ – објави тој на Телеграм.
„И сега да замислиме дека Америка ќе биде успешна во оваа рунда од конфронтацијата. Ова ќе биде резултатот: најголемата нуклеарна сила ќе биде под нестабилно политичко водство, со пропадната економија и максимален број нуклеарни бомби насочени кон цели во САД и Европа“ – смета Медведев.
Кина ќе биде следната жртва на САД, предвидува тој.
„И тогаш ќе бидат само неколку кратки чекори до најголемата глобална катастрофа – колапс во снабдувањето со енергија и храна, неуспех на сите колективни безбедносни системи и набргу потоа, голема нуклеарна експлозија“ – смета Медведев.