„Ќе има дипломатски одговор, во една или друга форма, на изјавата на руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова“. Ова денеска го изјави премиерот на Бугарија -Кирил Петков. Тој посочи дека одлуката за ова е донесена на редовната седница на бугарската Влада.
Петков смета дека неприфатливо е, во никој случај, странски амбасадор да зборува во име на бугарскиот народ против бугарската Влада.
Амбасадорката Митрофанова во интревју за руската телевизија „Русија24“ кажа дека бугарскиот народ не ја поддржува реториката и постапките на бугарската Влада насочени против нејзината земја.
И бугарската министерка за надворешни работи – Теодора Генчовска изјавите на руската амбасадорка во Софија Елеонора Митрофанова ги опиша како „мешање во внатрешните работи на земјата“.
„Се разговараше за последните изјави на Митрофанова, кои се мешање во внатрешната политика на земјата. Ништо конкретно не се разговараше за неа“ – рече таа.