Ученик донел бомба во училиште во БИХ

Полициски службеници на Полициската управа на Приједор денеска постапиле по пријава на директорот на ОУ „Петар Петровиќ Његош“ во Буснови кај Приједор, дека од воспитно-образовен работник од тоа училиште од ученик одзел рачна бомба.

Постапувајќи по наведената пријава, полициските службеници утврдиле дека се работи за бомба М75 (т.н. црна бомба) без почетен детонаторски дел и како таква се смета за неупотреблива и не може да претставува опасност за околината.

За наведеното е известен обвинителот на Окружното јавно обвинителство Приједор, под чиј надзор ќе бидат преземени дополнителни мерки и дејствија.