Анкета во Србија – за две третини граѓани САД и НАТО се виновни за војната во Украина

Анкета во соседна Србија покажува дека дури 61% од грашаните сметаат дека за војната во Украина се виновни САД и НАТО. Само 4,5% од нив сметаат дека е виновна Украина, а 3,5 отсто сметаат дека е виновна Русија.

Истражувањето спроведено од Новата српска политичка мисла (НСПМ) покажува дека 5% од српските граѓани веруваат дека Украина е во право, 36% дека Русија е во право, а 29% сметаат дека никој не е во право.

„Истражувањето покажа дека јавното мислење во Србија е спонтано русофилско, од различни причини, рационални или ирационални. Мислам дека граѓаните на Србија не грешат многу, тие чувствуваат дека тоа е продолжение на она што го видоа во 1999 година. Српското јавно мислење се уште реагира здраво и логично, а нашите елити не сакаат да ја гледаат позицијата на јавното мислење“ – вели Ѓорѓе Вукадиновиќ од НСПМ на дебатата „Србија 1999 и Украина 2022 – сличности и разлики“.

Тој изјави дека војната е големо зло и дека е одговорност на елитите да направат се што можат за да ја спречат и избегнат.