„Русија врши „геноцид“ во Украина“. Ова е предупредувањето кое денеска го упати градоначалникот на Киев – Виталиј Кличко.
Тој од официјални лица од Минхен побара да ја притиснат федералната Влада да ги прекине сите економски врски со Русија.
„Русија ги инвестира секое евро, секој цент, во нејзината војска“ рече Кличко.
Тој додаде дека „тие го уништуваат цивилното население. Тие ја уништуваат нашата земја“.
Според неговото објаснување, бомбите користени од Русите, убиваат сè во радиус од 500 метри. Па затоа, Кличко го опиша како напад, не врз војската, туку врз народот.
„Ние не можеме да ги изброеме труповите. Кошмар е тоа што се случува тука“ – истакна градоначалникот на Киев.