„Инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин врз Украина е во застој и покрај секојдневните напади извршени од неговите војници“. Ова го изјави денеска германскиот канцелар – Олаф Шолц. Тој додаде дека Киев може да смета на германска помош.
„Офанзивата на Путин е заглавена и покрај сето уништување што го носи ден за ден“ – појасни Шолц.
Според него, рускиот лидер „мора да ја слушне вистината“ дека не само што војната ја уништува Украина, „исто така и иднината на Русија“.