Бен Афлек и Џенифер Лопез купија вила од 50 милиони долари

Светските ѕвезди – Бен Афлек и Џенифер Лопез купија раскошна вила во елитната населба „Бел Ер“ во Калифорнија. Имотот, според информациите, чини нешто повеќе од 50 милиони долари.

Имот се простира на 1.800 квадратни метри, а има 10 спални соби и 17 бањи. Ќе имаат огромна кујна, домашна киносала, обезбеден ограден простор пред влезот, голем паркинг и уредена градина со базен и прекрасен поглед на теренот за голф и на Лос Анџелес.

Куќата е изградена 1930-те, а е дизајнирана од познатиот архитект Пол Вилијамс.

Претходните сопственици, Тод Лемкин и сопругата Кејси, го купиле имотот за 27,6 милиони долари во 2016 година.