Ковачевски: Дополнителните 1.000 денари – поддршка за сите пензионери во време на криза

На Фејсбук се огласи македонскиот премиер Димитар Ковачевски и соопшти дека мартовските пензии со дополнителните 1.000 денари ќе почнат да се исплаќаат од 29-ти март. Со оваа исплата, како што наведува Ковачевски, почнува реализацијата на финансиската поддршка за сите пензионери во време на криза.

„По дополнителни 1.000 денари на својата сметка ќе добива секој пензионер за март, април и мај. Оваа парична поддршка, заедно со рекордното покачување на пензиите и новата методологија се влог во поквалитетен живот на највозрасните граѓани“ – пишува премиерот.