Заклетвата прво на албански, па на македонски јазик: Гаши избран за нов претседател на Собранието

Со 76 гласови „За“, Африм Гаши од коалицијата „Вреди“ е избран за нов претседател на Собранието на Македонија.

Против изборот на Гаши гласаа пратениците на Левица додека пак пратениците од Европскиот фронт предводен од ДУИ не беа присутни во салата.

Пратениците на Левица ја напуштија салата и не ја проследија заклетвата на Африм Гаши која ја изговори прво на албански па на македонски јазик.