Уништени се 10 украински болници

Информацијата која денеска ја лиферуваше украинското Министерство за здравство е дека 10 болници се целосно уништени од почетокот на руската инвазија врз Украина на 24. февруари. Информацијата ја потврди и министер за здравство – Виктор Лашко, во изјава на националната телевизија.

Други болници, додаде Лашко, не можеа да добијат лекови и други работи, поради борбите во близина.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти за 62 различни напади врз здравствени установи во Украина, откако почна конфликтот, при што, евидентирани се 15 загинати и најмалку 37 повредени лица.