Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и државно-црковната делегацијата кои се во посета на Рим и Ватикан по повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, положија венец цвеќе пред спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј која се наоѓа во базиликата „Санта Марија Маџоре“.
Сиљановска Давкова и делегацијата претходно присуствуваа на молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата Свети Климент. За попладнево е предвидено Сиљановска Давкова да се сретне со италијанскиот претседател Серџо Матарела по што ќе даде изјава за медиумите.