Маск: Веројатно никој од нас нема да има работа поради вештачката интелигенција, проблемот е да се најде смисла
Веројатно никој од нас нема да има работа во иднина поради развојот на вештачката интелигенција (ВИ), но проблемот ќе биде да се најде смислата на постоењето, изјави американскиот претприемач Илон Маск.
Говорејќи преку веб-камера на конференцијата „Виватех“ во Париз, тој нагласи дека за реализација на таквото сценарио се неопходни „универзални високи приходи“ и иднина во која нема да има недостиг од стоки и услуги, пренесе Си-Ен-Ен.
Според визијата на Маск, луѓето сепак ќе можат да работат ако сакаат, но тоа нема да биде задолжително.