Трамп: Лидерите на Кина, Русија, Унгарија и Северна Кореја подобро работат од Бајден

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека лидерите на Кина, Русија, Унгарија и Северна Кореја ја извршуваат својата работа на највисоко ниво, за разлика од американскиот претседател Џозеф Бајден.

На предизборниот митинг во Њујорк, додека се обидуваше да ги истакне разликите меѓу Бајден и Си Џинпинг, Владимир Путин, Виктор Орбан и Ким Џонг Ун, тој оцени дека тие четворица лидери „се на врвот на нивната игра, без разлика дали ви се допаѓа тоа или не“, известува Вашингтон пост.

Трамп најави и дека доколку биде избран за втор претседателски мандат на изборите на 5 ноември, ќе ги стави САД во позиција „светот повторно да ги почитува“.