Во шведскиот град Малме две жени вработени во средно училиште се убиени по напад на 18-годишен ученик. Тој бил вооружен со секира и нож. Напаѓачот е уапсен под обвинение за убиство, јавува „BBC“.
Шведската полиција соопшти дека насилникот самиот повикал полиција и признал дека убил две лица.
Во моментот на инцидентот во училиштето имало околу 50 луѓе – ученици и наставници.
По пристигнувањето на местото на настанот, полицијата извршила претрес во објектот, но не нашла индиции дека во инцидентот се вмешани повеќе сторители.