Портрет на Мерилин Монро од 1964-та проценет на 200 милиони долари

Во мај годинава аукциската куќа „Кристи“ ќе продава портрет на Мерилин Монро од американскиот поп-арт уметник Енди Ворхол. Сликата се проценува на 200 милиони долари.

Се работи за делото „Shot Sage Blue Marilyn“ („Мудрата Мерилин во сино“) насликано 1964 година.

Сега слика ѝ припаѓа на Фондацијата на Томас и Дорис Аман од Цирих. Средствата ќе бидат наменети за децата ширум светот и подобрување на животот преку здравствени и образовни програми.

„Сите приходи ќе одат во добротворни цели“ – соопшти аукциската куќа.