Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски денеска на Канал 5 тв рече дека рускиот амбасадор во земјава – Сергеј Баздникин треба сам да ја напушти функцијата.
„Преговорите се во тек, но оваа криза во Украина ќе потрае, не само како војна, поствоен ефект ќе има, се е разрушено, ќе треба да се обнови. Даваат ултиматум градот да се предаде, не сме 1945-та градот да се предаде на Русија. Војната ќе потрае, некои анализи кажуваат до мај, но како и да е, обновата, враќањето во нормала. Мило ми е што Македонија секогаш била на страната на позитивците, на оние кои биле за мир, никогаш не сме биле на страната на агресорите“ – истакна Милевски
Милевски за евентуално протерувањето на рускиот амбасадор Бездникин рече дека тој сам треба да си отиде, да ја осуди оваа агресорска политика на неговата држава.
„Некои анализи покажаа дека 60 отсто од жителите на Москва се против оваа политика на Путин. Мислам тој амбасадор ако има грам совест, бидејќи и тој има фамилии, има роднини, сам треба да се откаже од амбасадор и да ја напушти оваа функција“ – рече Милевски.