Над 3,5 милиони лица избегаа од војната во Украина
Податоците на Обединетите нации покажуваат дека 3,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на борбите започнати со инвазијата на руската армија на 24. Февруари.
Високиот комесаријат за бегалци на ОН – УНХЦР евидентираше точно 3.489.644 украински бегалци на својот портал до 13.00 часот по средноевропско време. Тоа е за 100.600 повеќе отколку вчера, на претходното ажурирање.
Само во Полска заминале половината од сите бегалци кои ја напуштиле земјата од почетокот на руската инвазија. Информациите се дека 2.083.854 луѓе влегле во Полска, бегајќи од конфликтот во Украина.
Десет милиони луѓе, повеќе од една четвртина од населението на Украина од териториите кои беа под контрола на Киев пред конфликтот, ги напуштиле своите домови поради „разурнувачката“ војна, информираат од ОН.