Азески: Господ нека му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

Бранко Азески од Стопанската комора денеска ја искоментира најавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека од некоја држава договорил заем од 1 милијарда евра.

„Господ да е на помош на тој што ќе донесе нови пари во Македонија“, вели Азески.

Доколку овие пари влезат во земјава, треба да се искористат само за продуктивни цели, смета тој.

Мицкоски не откри од каде ќе земе заем, само рече дека е од европска држава која нуди добри услови и дека наскоро ќе биде соопштено во јавноста.

Дали Унгарија е земјата од која Македонија ќе добие заем, Мицкоски засега не потврди.