„Планираниот дефицит е 500 милиони евра за цела година, за 4 месеци до 13 мај се реализирани 82%. Неприфатливо е Владата да троши и да се задолжува без врска. Капиталните инвестиции се реализирани 10 милијарди од 45 милијарди годишно. Се прашуваме зошто идниот премиер ќе се задолжува, едноставно многу е лоша состојбата на јавните финансии“ – вели проф. д-р Марјан Бојаџиев, универзитетски професор во најновото издание на Трилинг.
На прашање дали може да ни се повтори лошото искуство со милијардата од времето на Георгиевски – Тупурковски од Тајван, Бојаџиев со став „Сегашната милијарда е многу помалку од таа во 1998, прашање е за што ќе се потроши. Повторувам, Буџетот не треба да има стапка капитални расходи. Секогаш е подобро да ги сведеме реалните трошења“.
„Секогаш е подобро да се задолжите кај меѓународни институции и најбитна е намената. Ова што го кажува Мицкоски се надеваме дека е за најавените капитални инвестиции. Во првите 6 месеци приоритет е инфраструктура и енергетска ефикасност. Политичарите говорат за среднорочна стратегија, ако не почнете да штедите, сите трошат како луди. Зошто воопшто се задолжуваме, имаме најнизок раст на Балканот. Останавме земја од третиот свет. Социјалните трансфери се 31% од Буџетот. Привилегиите на пратениците, си наплаќаат патни трошоци“ вели Бојаџиев.
„Не може да оди така државата, нели се залагаме за меритократија и пат кон ЕУ. Ова не е ЕУ, ова е калабалак, растурена куќа“ смета тој.
На прашање за Договорот со Бехтел и Енка, дали треба новата владејачка гарнитура да го раскине, професорот со став „Обично договорите се структурирани на штета на Македонија, па ќе се продолжи затоа што штетите ќе се поголеми за Македонија. Секој договор што сме го раскинале, не постои договор што сме поминале добро“.
„Борба против корупцијата треба да почне од број 1, ова е страшно, со епидемиски размери. Никогаш не сме биле поблиску и подалеку до ЕУ. Ова е така отидено нивото на корупција, страшно е. Се помалку сме способни да се справиме. Од лошо станува полошо“ смета Бојаџиев.
На прашање дали по инаугурацијата на Силјановска Давкова отвораме фронт на две места, и со Грција и со Бугарија, професорот е со став дека „јас каде ќе стигнам ќе го говорам името Македонија, во лични настапи. Но, мора да градиме мостови, не може со кавга да одиме кон ЕУ. Веројатно е добро претседателката првите посети да ги направи во соседството“.