Чави ќе добие отказ

По коментарите на прес-конференцијата, раководството на Барселона извршило огромен притисок врз Хуан Лапорта да го отпушти тренерот Чави, а Шпанците тврдат дека тоа веќе се случило.

Чави пред неколку месеци објави дека ја напушта Барселона на крајот од оваа сезона. Сепак, Лапорта некако успеа да го убеди да остане на клупата на овој тим и во следната сезона. Работите наеднаш повторно се сменија.

Причината за тоа е што Чави ја спомна економската состојба во клубот и тврди дека неговиот тим не може да се справи со најголемиот ривал Реал Мадрид.

„Не можете да напредувате ако нема одредени промени во тимот. Не знам каква е економската ситуација, но тоа секако ќе влијае на нас. Сè ќе знаеме кога ќе видам каков тим имам. Не можеме ништо однапред да планираме. Ќе се обидеме да се справиме со Реал Мадрид. Сепак, мислам дека навивачите на Барселона мора да разберат дека ситуацијата е многу тешка, особено на економски план. Не можеме повеќе да излеземе на пазарот како порано и да кажеме „го сакаме овој играч, овој и овој. Навивачите мора да го сфатат тоа. Тоа не значи дека нема да се бориме, но ситуацијата е таква што ни треба стабилност и време. Ќе дадеме сè од себе за да се справиме со Реал следната сезона“, рече Чави.

Лапорта, како што тврдат Шпанците, е длабоко разочаран и полудел по настапот на Чави, па решил да му врачи отказ на својот тренер.

Дали е тоа вистина, најверојатно ќе дознаеме уште денеска.

Чави на клупата на Барселона пристигна во 2021 година, наследувајќи го Роналд Куман.

На клупата на овој тим седеше 140 натпревари. Во тој период успеа да оствари 87 победи, 24 ремија и 29 порази, а минатата сезона ја освои титулата шампион на Шпанија.