Повторно скокнаа цените на нафтата на светските берзи
Повторно се зголемија цените на нафтата во азиската трговија поради немање знаци за напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, додека пазарите продолжуваат да стравуваат за недоволно снабдување, наведува „Си-Ен-Би-Си“.
Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) на крајот на минатата недела повика на брзо намалување на потрошувачката на нафта.
Фјучерсите на двете референтни сорти на нафта утрово пораснаа за повеќе од 3 отсто.
Северноморскиот брент беше 111,46 долари за барел, а американската лесна сурова нафта на 108,25 долари за барел.
Цените на нафтата беа нестабилни во последните недели, достигнувајќи рекордни максимални вредности во март и паднаа за повеќе од 20 отсто до нешто под 100 долари за барел минатата недела.
На крајот на неделата повторно се зголемија и повторно го поминаа тој праг.