АЕТМ: Лани граѓаните за онлајн купување потрошиле 573,4 милиони евра, најмногу е-трансакции кон Холандија
Македонците минатата година со своите платежни картички во странство потрошиле 573,4 милиони евра од кои 34 отсто или 195,6 милиони евра потрошиле онлајн, купувајќи производи и услуги посебно поврзани со патувања и трансакции за авио-билети и резервации на хотели онлајн.
Ова го покажуваат податоците од Народната банка што ги анализираше Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ).
Во однос на 2022 година Македонците за купување производи и услуги со платежни картички кон странски е-трговци во 2023 година потрошиле 25,3 отсто повеќе.
Бројот на е-трансакциите кон странските земји изнесува 4. 6 милиони, а просечната трансакција 43 евра.
Вкупно 72 отсто од вредноста и 80 проценти од бројот на направените трансакции се во Холандија, Обединето Кралство, Унгарија, Ирска, САД, Луксембург. Грција и Германија.
Mакедонците во 2023 година потрошиле најмногу пари во Холандија (27,5 милиони евра), додека во Луксембург направиле најголем број на трансакции (890 илјади).
Највисока просечна вредност на е-трансакција Македонците оставриле во Унгарија односно 144. 3 евра, додека во Луксембург Македонците направиле најниска просечна трансакција, 11,7 евра.
Најмногу трансакции се направени кон Холандија, Обединето Кралство и Унгарија и оствариле вредност од 77 милиони евра, што преставува 39% од вкупно остварената вредност онлајн во странство.
Истото е очекувано ако се има предвид дека од овие земји потекнуваат Booking.
com (Холандија), Amazon UK, ASOS (Велика Британија) и WizzAir (Унгарија), додека највисокиот оставерн број на трансакции од Македонци во Луксембург се должи на тоа што во Луксембург се регистрирани европските филијали на Amazon и АliExpress преку кои се одвиваат трансакциите за најголемиот дел од европските земји, без Велика Британија.
-Растот остварен во 2023 година во однос на минатата година изнесува 25% наспроти 46% во 2022 година спрема претходната.
Притоа минатата година спрема земјите од каде што се букираат патувања и хотели имаше висок пораст, на пр. кон Холандија (114%) и Унгарија (82. 4%), а во 2023 година истиот е забавен и изнесува 41.
5% и 21. 6% соодветно во однос на 2022 година.
Најголем пораст во 2023 година од земјите кои сочинуваат 72% од вкупната вредност остварена со македонски картички кон странски е-трговци е остварен кон Грција (81. 6%).
Онлајн купувањето кон странски платформи, без разлика дали е тоа за производи или за резеравции во хотели може да влијае позитивно и за домашните е-трговци со оглед дека се работи за менување на навики и зголемено користење на онлјан купување воопшто.
Од друга страна зголемената побарувачка ќе ги стимулира домашните трговци да ја зголемуваат и унапредуваат понудата и целокупното онлајн искуството за купувачите, вели претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска.
Согласно објавените податоци од Народната банка, странски иматели на платежни картички за купување производи и услуги од македонски е-трговци во 2023 година потрошиле 26.
8 милиони евра, што во однос на минатата година претставува пораст од скоро 23%. Остварената вредност странските онлајн купувачи ја направиле во 852. 3 илјади трансакции или просечно потрошиле 31.
4 евра по трансакција. Од вредноста на вкупно направените трансакции од странци кон македонски е-трговци во 2023 година 50% припаѓаат на иматели на платежни картички од 8 земји.
Скоро 4 милиони евра или 18. 5% од вредноста на трансакциите се направени од иматели на платежни картички издадени во САД, потоа 2. 6 милиони евра или 9. 7% од Швајцарија и 1. 7 милиони евра или 6.
2% од Обединетото кралство. Потоа следат германските иматели на картички кои направиле 5. 6% од онлајн трансакциите, Турција со 4%, и Ирска и Бугарија 3% од вредноста на онлајн трансакциите.
Најголем пораст на бројот како и на вредноста на направените онлајн трансакции од странски иматели на платежни картички во 2023 година во однос на претходната година е остварен од Ирска, додека највисока просечна трансакција е направена од Бугарија во износ од 43 евра.