Над 10 милиони луѓе досега ја напуштиле Украина
УНХЦР објави дека досега над 10 милиони луѓе ги напуштиле своите домови во Украина, како резултат на руската воена операција, што е повеќе од една четвртина од нејзиното население.
„Меѓу одговорностите на оние кои се во војна, насекаде низ светот, е и страдањето на цивилите кои се принудени да ги напуштат своите домови. Војната во Украина е толку разорна што 10 милиони луѓе побегнаа, се раселени во земјата или побегнаа во странство“ – напиша на социјалните мрежи високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) – Филипо Гранди.
Руската воена операција во Украина започна на 24. февруари и оттогаш милиони луѓе побегнаа во соседните земји.
Само во Полска досега има над два милиона украински бегалци.