На 14 годишно момче му се слошило и починало во Битолско

МВР информира дека вчера во 16.45 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 15.30 часот во атар на село Крстоар, Битолско, на 14-годишен малолетник од Битола му се слошило и паднал.

Потоа бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што лекар констатирал смрт без траги на насилство.

Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.