Зеленски: Жестоки борби во областа Харков во близина на границата со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави вечерва дека се водат „жестоки борби“ на делови од границата во регионот Харков, каде што илјадници луѓе се раселени од почетокот на руската офанзива во петокот.

„Одбранбените и жестоки борби продолжуваат на голем дел од нашата граница“, рече Зеленски.

Според него, идејата зад нападот во регионот на Харков е да се поткопа моралот на украинската армија и да се распарчи.

Министерството за одбрана на Украина во петокот објави дека Русија започнала копнена офанзива во североисточниот регион Харков во Украина и се обидува да ги пробие украинските одбранбени линии.