50-тина приговори до РКЕ за квалитетот на греењето

Во Регулаторната комисија за енергетика пристигнале над 50 приговори во однос на квалитетот на греење од страна на потрошувачи за БЕГ.

Правилникот за снабдување со топлинска енергија предвидува потрошувачите да поднесат приговор доколку не се задоволни од квалитетот на услугата се снабдувачите.

Потоа, екипи мора да излезат на терен и да спроведат мерење, по што должни се да изготват писмен извештај за фактичката состојба и истиот да го достават до потрошувачот, согласно пропишаните рокови во Правилникот за снабдување.

Ако потрошувачот не е задоволен од одговорот, односно од писменото известување од снабдувачот за квалитетот на испорачаната топлинска енергија, потрошувачот во втора инстанца може да поднесе приговор до РКЕ.

РКЕ има Комисија која работи на решавање на приговорите на потрошувачите.

РКЕ веднаш ги става во процедура поплаките кои се доставени до комисијата.

Снабдувачот е должен да ја фактурира само потрошената топлинска енергија, и има обврска во текот на грејната сезона да обезбеди минимална температура од 20+1º C во грејните простории во времето од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот.