25. мај – државен празник во Албанија поради финалето во Конференциската лига

Нашиот западен сосед – Албанија реши 25. мај 2022 година да го прогласи за државен празник, во чест на тоа што престолнината Тирана ќе биде домаќин на финалето на Конференциската лига на УЕФА.

Италијанска Рома и холандски Феенорд следната среда ќе се судрат за трофејот во третотот по ранг натпреварување во Европа.

За Албанците ова е голема чест од УЕФА. „Националната Арена“ во Тирана ќе биде центарот на случувањата во првото финале на новоформираното фудбалско натпреварување.

Очекувањата се дека навивачи на двата финалисти ќе извршат „инвазија“ на Тирана иако трибините на новиот стадион собираат само 20.000 гледачи.