Љупчо Николовски не се гледа како премиер

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал – Љупчо Николовски денеска рече дека не се гледа себе си како кандидат за иден премиер.

„Утрешните закажани состаноци во СДСМ предизвикуваат внимание. Се работи за најголемата политичка партија и организација што е демократска, модерна, во којашто и пред неколку месеци имаше непосреден избор за претседател на партијата, имаше само еден кандидат. И доколку сега се одлучи да се отворат истите постапки ќе имаме целосно отворена, транспарентна, демократска постапка во која што во ниту една политичка партија ја нема и каде што секој кој ги исполнува условите ќе може да се кандидира. Јас не се гледам и нема да бидам еден од кандидатите“ рече Николовски.

Ова доаѓа откако неговиот партиски лидер, Зоран Заев најави дека утре ќе побара од органите во партијата да биде биде свикан Централниот и Извршниот одбор за да се констатира неговата оставка и да почне постапката за избор претседател на СДСМ. Заев е категоричен дека новиот претседател на владејачката партија треба да ја составува новата Влада.