Пад на бројот на новозаразени во Словенија, ама болниците сè уште се полнат

Бројот на хоспитализирани ковид пациенти во Словенија се уште се зголемува, иако сè намалуваат бројките на позитивни пациенти на неделно и на дневно ниво.

Во последното деноноќие има 1.389 новозаразени, а починати се 17 пациенти. Од 2.730 тестови потврдени се над 50% заразени со вирусот, соопштија од Националниот институт за јавно здравје.

Во болниците ширум Словенија во моментов се лекуваат 1.162 пациенти, а пред една седмица тој број беше понизок за околу 150.

Трендот на раст од четвртиот бран на епидемијата се смирува, иако состојбата во болниците сè уште е драматична.

Владините епидемиолози очекуваат неделава да се достигне врвот.