Спасовски: Заев носеше храбри одлуки, треба да остане на чело и на партијата и на Владата

„Најдобро е Зоран Заев да остане на чело на партијата и на Владата во овој период. Се е можно секогаш, меѓутоа ако ги гледаме неговите ставови во однос на моралната посетавеност, незнам дали е возможно. Знаете дека претседателот Заев носеше многу храбри одлуки, многу атипични одлуки, кои во еден момент не можеа да бидат разбрани за подоцна да сфатиме дека тоа било добро. И сега гледам дека има многу забалешки дали е сега моментот, таква одговорност да се поставува пред граѓаните и општеството во делот на активностите“. Ова го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешното гостувањето во „Утрински брифинг“.

Спасовски смета дека „владиниот кабинет функционира со ист капацитет како и претходно и мора да биде така во интерес на граѓаните и на државата во прв план“.

Министерот за внатрешни работи рече дека не размислува да се кандидира за претседател на СДСМ.