Шојгу: Украина во 2023 година загуби најмалку 215.000 војници

Сергеј Шојгу – рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу тврди дека Украина загубила најмалку 215.000 војници во минатата 2023 година.

„Групи руски војници методично го намалуваат борбениот потенцијал на вооружените сили на Украина. Загубите на непријателот во изминатата година надминаа 215.000 војници и 28.000 парчиња оружје“, изјави Шојгу и нагласи дека руската армија ја задржува стратешката иницијатива по целата линија на борбениот контакт додека украинските војници се соочуваат со исцрпување на ресурсите, а „немаат резултати на бојното поле“.

„Киевскиот режим продолжува да ги принудува своите војници да бидат заклани“, додава Шојгу, уверувајќи дека тоа нема да ја промени ситуацијата, туку само ќе го продолжи конфликтот.

„Ќе продолжиме доследно да ги остваруваме целите на специјалната воена операција“, заклучи тој.