Најмалку 27 луѓе се спасени од планинските области во Романија, девет лица се во болница

Најмалку 27 лица се спасени во претходните 24 часа во романските планински области, девет од нив морале да бидат хоспитализирани, а некои се сместени на одделението за интензивна нега, соопшти денеска спасувачката служба Салвамонт Романија.

Во претходните 24 часа Салвамонт примил 28 повици со барање итна интервенција на спасувачите, објавено е на веб-страницата на организацијата.

Службите во Воинеаса и Муреш примиле најмногу повици, објави Аџерпрес.

Исто така, поради снежната бура затворени се и државните патишта во источна Молдавија во Романија, соопшти регионалната дирекција за патишта. Како што е наведено, патиштата се затворени во областите Јаши, Ботошани, Васлуј, Њамц, Бакау, Галати и Браила.

Снежната бура предизвика и прекин на железничкиот сообраќај на станицата во општина Марашешти, во областа Вранча.

Поради снежната бура се случија неколку сообраќајни незгоди во кои неколку лица се повредени.