Хорор во Франција: Момче пронајдено мртво покрај река, со пешкир врзан околу вратот

Телото на 12-годишно момче било пронајдено вчера на брегот на реката Вилен во францускиот град Рен, а обвинителството отвори истрага поради сомнение за убиство, објавија француските медиуми.

Телото на 12-годишно момче било пронајдено вчера на брегот на реката Вилен во францускиот град Рен, а обвинителството отвори истрага поради сомнение за убиство, објавија француските медиуми.

Според информациите, околу вратот на детето бил цврсто врзан мокар пешкир.

Алармот го кренал рибар кој, според полициски извори, слушнал вознемирувачки детски крици. Кога пристигнале очевидците и итните служби, момчето веќе било без знаци на живот.

Полицијата ја примила пријавата околу 16:40 часот, а десет минути подоцна патроли и пожарникари пристигнале на местото. Лекарите можеле само да констатираат смрт.

Француското обвинителство соопшти дека е отворена истрага за да се утврдат околностите под кои починало детето.

Во текот на вечерта, голем број полицајци и форензичари вршеле увид во близина на станбен комплекс покрај реката. На терен бил поставен и голем бел шатор, додека истражителите собирале траги и фотографирале докази.

Според француските медиуми, случајот е предаден на специјализирана единица за организиран криминал.