ФФМ отвори дисциплинска постапка против ФК Вардар за недолично и навредливо однесување на прославата за шампионската титула

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го осудува навредливото и недолично однесување на Фудбалскиот клуб Вардар, при прославата на победата и обезбедувањето на шампионската титула. Како што се наведува во реакцијата од ФФМ, неприфатливо е да се извикуваат навредливи содржини и да се пеат вулгарни песни од страна на фудбалерите.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го осудува навредливото и недолично однесување на Фудбалскиот клуб Вардар, при прославата на победата и обезбедувањето на шампионската титула. Како што се наведува во реакцијата од ФФМ, неприфатливо е да се извикуваат навредливи содржини и да се пеат вулгарни песни од страна на фудбалерите.

„Ваквото однесување е недолично без разлика кон кого е насочено, без разлика дали станува збор за јавни личности, за навивачи на другиот тим, за фудбалери или за кој било друг. Ривалитетот меѓу екипите е посакуван и здрав само кога е достоинствен и исполнет со меѓусебна почит, а секаква форма на говор на омраза, навреди и неспортско однесување нема место во фудбалот“, се наведува во реакцијата од ФФМ.

Од ФФМ порачуваат дека како и во претходните ситуации кога биле казнувани екипите на ФК Тиквеш, ФК Победа, ФК Вардар, ФК Шкендија и други, ќе постапува атсогласно своите пропозиции и дисциплинските правилници.

„По овој повод, дисциплинскиот инспектор при ФФМ веднаш ќе отвори постапка против клубот во врска со последните случувања. Фудбалската федерација на Македонија останува посветена на промоција на фер-плејот и нема да дозволи ничие однесување да го наруши интегритетот на натпреварувањата“, додаваат од ФФМ.

Осуда за настанот упати и министерот за спорт Борко Ристовски, кој најави дека ресорното министерство ќе најде начин за санкционирање на вакво однесување.

„Во однос на синоќешните видеоснимки кои се појавија од прославата на ФК Вардар, како Министерство, но и од мое лично име како министер за спорт, сакаме да ја известиме македонската јавност дека недвосмислено го осудуваме ваквиот тип прослави, кои вклучуваат навреди по која било основа, особено доколку во нив се вклучени спортски работници, играчи, селектори и лица од јавниот живот. Слични случувања имаше и минатата недела во Кавадарци, со политички конотации и навреди кон спортски институции, меѓу кои и ФФМ, а истото сега повторно се повторува. Министерството за спорт најостро ги осудува ваквите провокации и јавно бара чинителите да и се извинат на македонската јавност“, се наведува во објавата на Министерството за спорт.

На социјалните мрежи претходно беше објавено видео од прославата на победата на ФК Вардар во кое фудбалерите пеат песна со вулгарна и навредлива содржина за Битола и македонската пејачка Каролина Гочева.

Извор: 360stepeni.mk