Фудбалерите на Гамбија во последен момент се спасиле од авионска несреќа

Вистинската драма се одвивала во авионот со кој фудбалската репрезентација на Гамбија требало да отпатува на Африканскиот куп на нации во Брегот на Слоновата Коска.

Недолго по полетувањето на чартерот од Банџул, фудбалерите почнале да се гушат и да чувствуваат главоболки.

Како што пренесуваат локалните медиуми, набргу по нивното полетување, пилотот бил принуден да го врати авионот на пистата.

На Фејсбук страницата се огласи и Фудбалскиот сојуз на Гамбија.
„Со жалење ве информираме дека чартер-летот што ги превезуваше „Скорпионите“ на Африканскиот куп на нации, се врати во Банџул поради технички проблеми. Летот траел девет минути кога екипажот сфатил што се случило и побарал да се врати во Банџул“ – стои во известувањето.