Кичевец до смрт ја претепал двегодишната ќерка

Кичевец до смрт ја претепал двегодишната ќерка. Детето поради тешките телесни повреди здобиени во семејниот дом било пренесено во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар во Скопје. Девојчето починало во болница по 22 дена борба за живот.

Директорот на кичевската болница Станко Трпески за Сител изјавил дека девојчето било донесено од страна на мајката во доста лоша состојба.

Kако што дознаваме , мајката првично во полиција дала исказ дека девојчето паднало од височина, од мебел, па дека било истепано од деца, но по резултатите од обдукцијата, било констатирано дека се работи за претепување.

И од Министерството за здравство информираа дека поради критичната состојба малата пациентка била препратена на Ургентен хируршки центар во клиничкиот комплекс Мајка Тереза, а потоа префрлена на Универзитетската Клиника за неврохиргија, во Скопје, nо и покрај сите заложби на лекарите, за жал двегодишната пациентка подлегнала на тешките телесни повреди.

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спрoведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство .

„Осомничениот 29-годишник, на 18 декември, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година. Тој и нанел повеќе удари со раце и нозе, предизвикувајќи и тешки телесни повреди – скршена коска на черепот, крварење во мозокот и скршеници на две ребра“, стои во соопштението на Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.