Фон дер Лајен: ЕУ го удвои воведувањето на обновливи извори оваа година

Оваа година ЕУ двапати го забрза воведувањето на обновливите извори на енергија, до 50 гигавати енергија, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на климатскиот состанок COP27.

„Оваа година ЕУ го удвои воведувањето нови капацитети од обновливи извори, на 50 гигавати. Ако ова дополнително се забрза, следната година можеме да го срушиме рекордот и да имаме 100 гигавати дополнителен капацитет“ – рече Фон дер Лејен во египетски Шарм Ел Шеик.

Таа нагласи дека „секој киловат час електрична енергија од обновливи извори не е само добар за климата, туку и за независноста и безбедноста на снабдувањето“ и ги повика земјите од „глобалниот југ“, кои имаат богатство на ресурси потребни за зелена транзиција, да ги здружиме силите со Европа

Во својот говор Фон дер Лајен потсети дека ЕУ има законска обврска да ги намали емисиите за 55 проценти до 2030 година преку законодавниот пакет „Подготвени за 55“.