Уредникот на информативната програма на РТС: Првпат работиме без политички притисок

Вршителот на должност главен уредник на Информативната програма на Радио-телевизија Србија (РТС), Боривоје Ускоковиќ, денеска на редакцискиот состанок со вработените оцени дека Јавниот сервис првпат во историјата произведува информативна програма без влијание на политиката и притисоци од оние кои се на власт.

– Максимално го користиме тоа со цел да поставиме здрави темели за оние кои доаѓаат по нас. Сите сме под лупа, го следат секој наш чекор, збор, слика, затоа ве молам дадете сè од себе за да покажете дека сте професионалци, достоинствени работници на Јавниот сервис, а сè со цел оваа куќа повеќе никогаш да не биде под влијание на оние кои ја држат власта – рече Ускоковиќ.

Според РТС, Ускоковиќ исто така рече дека новинарите се слободни самостојно и професионално да ја вршат својата работа, ослободени од политички притисоци и влијанија.

Тој оцени дека Јавниот сервис полека ја враќа довербата на гледачите и дека „со секој изминат ден има сè повеќе луѓе кои се со програмата на Радио-телевизија Србија и интернет-порталот на РТС“.

Тој наведе дека финансиската ситуација е стабилна и оти сите планирани проекти ќе бидат реализирани. РТС од РЕМ и од Собранието, чие конституирање се очекува, очекува да ги утврдат чекорите за редовно функционирање на Јавниот сервис во следната година според усвоениот план за работење.

На вработените им порача дека од менаџментот бара да утврди под кои околности поранешниот новинар на телевизија „Пинк“, Вукашин Катиќ, бил вработен во РТС и да најде законска основа за раскинување на договорот со цел да се спречи „понатамошно уривање на угледот на куќата“.