Тупанчевски: Нема да поднесам оставка, не го прекршив етичкиот кодекс!

„Не чувствувам потреба дека треба да поднесам оставка бидејќи не е прекршен етичкиот кодекс поради тоа што сум патувал и сум го следел фудбалскиот натпревар Македонија – Италија. Точно е дека летав со авионот на Фудбалската федерација, но авионскиот билет и влезницата за мечот во Палермо сам си го платив“ вели во ексклузивно интервју за Трилинг министерот за правда – Никола Тупанчевски.

„Антикорупциската комисија слободно нека го истражува случајот, а јас ќе ги приложам сите сметки и извршени трансакции таму каде што треба“, дециден е министерот за правда.

Тупанчевски во утрешното издание на Трилинг одговара дали е европска пракса министер да биде во друштвото со обвинител и судија и кој е виновен за недовербата на судиите и обвинителите?

Утре во Трилинг ќе гледате и:

Зошто се толерираат луѓе кои со месеци ги држат предметите во фиока?

Кога ќе бидат избрани нови уставни судии?

Има ли спрега меѓу извршната и судска власт?