Петков: Очекувам резултати во најскоро време од заедничката историска комисија

Премиерот на Бугарија – Кирил Петков очекува во најскоро време заедничката историска комисија на С. Македонија и Бугарија да излезе со резултати.

„Колку што сум информиран, напредокот е огромен. Се радувам, дека кога од двете страни има дух да работиме заедно, се постигнуваат успеси“ – рече Петков пред новинарите за време на посетата на Благоевград.

Според него, има неколку клучни аспекти – кога ќе се отворат архивите и говорот на омразата, што сме направиле како механизам против тоа.

Петков додаде дека е важно што ќе биде ставено во потенцијалната преговарачка рамка, како на пример дали Уставот на С. Македонија ќе ги вклучува правата на Бугарите и дали ЕУ ќе сака да биде гарант за тоа.

Петков исто така оцени дека во моментот Западен Балкан има ризик да биде втора точка на конфликтот, поврзана со војната во Украина.