НИКОБ ЛАБ слави прв роденден – промотивна цена од 1.000 денари за ПЦР тест од 1. до 7. април

„Во пресрет на нашиот прв роденден промовираме роденденска цена намалена од 1.400 на 1.000 денари со цел уште повеќе да ја доближиме услугата до граѓаните согласно нивните потреби и тоа ние беше приоритет целиот овој период“ – информираат од НИКОБ ЛАБ.

„Воедно сакаме да се заблагодариме за стекнатата доверба од 213.569 пациенти и направените 298.186 приеми. Благодарение на довербата станавме лидери во тестирањето на ковид-19 со пристапот на најниски цени со докажан квалитет и тоа не направи единствени и достапни во државата со реализирани вкупно 287.780 тестови од кои 134,908 ПЦР ковид-19 тестови и 152.872 брзи антигенски тестови“ – се вели во соопштението на компанијата.

Оттаму додаваат дека им претставува чест и задоволство затоа што реализирале 520.000 услуги за граѓаните, а тоа секако ги етаблира како установа која во својата визија го има приоритетот на здравјето на граѓаните.

„Горди сме што во нашето семејство НИКОБ ЛАБ – биохемиска и молекуларна дијагностичка лабораторија имаме 120 вработени, 2 Доктори специјалисти по медицинска биохемија, 4 здравствени соработници – биохемичари, 1 фармацевт, 24 медицински лаборанти, 9 молекуларен биолози, 80 административно-технички персонал од кои 6 возачи и 74 административни работници“ – велат од компанијата.

Како што информираа од НИКОБ ЛАБ, тие ја поседуваат најдостапната мрежа во државата со локации во Скопје – База Кисела Вода, Аеродром ТАВ – Скопје и Охрид, погранични локации – Гевгелија, Дојран, Табановце и Струмица, локации во внатрешноста: Велес, Кавадарци, Прилеп и Кочани.

„Стратегијата за целата оперативна поставеност е доближување на услугата согласно потребите и барањето на заедницата и граѓаните за навремена и непречена услуга. На располагање на граѓаните за достапност на услугата според место на живеење и според потребите на заедниците ни е овозможено со возен парк од 4 санитетски возила и 7 леки коли“ – велат од НИКОБ ЛАБ.