Тужба за Рики Мартин од поранешната менаџерка, и останал должен

Поранешна менаџерка на Рики Мартин – Ребека Друкер вели дека пејачот и должи над милион долари, поради што таа поднела тужба против него.

Друкер навела дека го застапувала Рики Мартин од 2014 до 2018 година, а тој повторно ја вработил по две години, кога неговиот „личен и професионален живот биле во тотален хаос“.

Менаџерката тврди дека таа е заслужна за враќањето на неговиот живот и кариера на вистинскиот пат. Наведува дека таа ги решавала договорите на пејачот поврзани со снимањето на песните, турнеите и му договарала спонзорства, со што му помогнала да заработи милиони долари на неговата неодамнешна северноамериканска турнеја, заедно со Енрике Иглесијас.

Друкер додава дека во 2020. година ангажирала адвокати кои му помагале кога му била загрозена кариерата, а за нејзините напори, требало да добие провизија од 3 милиони долари, која Мартин никогаш не ѝ ја дал. Наведува дека пејачот ја лажел и манипулирал со неа.