Синодот на МПЦ-ОА апелира: Владата да го зачува македонскиот идентитет, јазик и култура во рамките на европските вредности

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА) упати апел за неприкосновено зачувување на македонските национални интереси. Оттаму соопштија дека вчера на седница Синодот се осврал на случувањата поврзани со нашиот евроинтеграциски процес.

Синодот очекува на транспарентен начин, Владата во содејство со сите надлежни општествено-политички фактори во македонското општество, да изгради став кој целосно ќе го зачува македонскиот идентитет, македонскиот јазик и култура во рамките на европските вредности. Во овој процес, историските прашања и Договорот за добрососедство со Бугарија не треба да бидат дел од преговарачката рамка, велат оттаму.

„Изразуваме надеж дека бугарските власти ќе ја согледаат реалноста и ќе се отповикаат на препораките на меѓународните институции и ќе овозможат на македонското малцинство во Бугарија да ги оствари своите основни човекови права, впрочем, на реципроцитетна основа – имајќи го предвид барањето на бугарската кон македонската страна“ – се наведува во соопштението од МПЦ-ОА.