Трилинг неофицијално дознава дека пет министри ќе бидат разрешени

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со владините коалициски партнери за реконструкцијата на Владата се одвиваат во конструктивна атмосфера и дека меѓу опциите за кои се разговара е и промена на одделни ресори.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со владините коалициски партнери за реконструкцијата на Владата се одвиваат во конструктивна атмосфера и дека меѓу опциите за кои се разговара е и промена на одделни ресори, како и дека ќе бидат познати имињата на новите министри.

„Во првите разговори можам да признаам дека преовладува конструктивен амбиент. Ќе имаме сега во текот на оваа недела повторно средби. Очекувам тоа да бидат завршни.

-Во текот на викендот да се формализира сето тоа и со имиња и со останати специфики. Инаку, да, постои опција и за промена на ресор, да, и за тоа е разговарано, како и за промена на некои од директорите кои не покажале резултати“, рече Мицкоски.