Трилинг: Мора да почне да се враќа довербата во судството

Во најновото издание на Трилинг имате можност да ја слушнете претседателката на Судскиот совет Весна Дамева.

„Застарувањето на одредени предмети не секогаш е по вина на судот. Судскиот совет во изминатиот период има детектирано многу причини кои придонесуваат до одовлекување на постапката“ – вели претседателката на Судскиот совет.

Дамева одговори на прашањето дали чувствува одговорност за ниската доверба во македонското правосудство:

„Не само јас, сите во судството, мора да ја почувствуваат, меѓутоа и обврска е на сите нас да почнеме да ја враќаме довербата во јавноста“ – вели Дамева.

Во Трилинг се разговара и на тема дијалогот Белград – Приштина.

„Мислам дека предлогот на ЕУ не е најдоброто решение“ – вели Газмир Раци, поранешен член на групата за дијалог.

„Тука се станува збор за меѓусебно признавање, и во овој момент Србија во секоја смисла не е спремна на таков чекор“ – истакна и Игор Новаковиќ, директор на Центарот за меѓународни и безбедносни работи – Белград.

По повод враќањето на култната манифестација насловена „Глумците пеат“ во Трилинг разговаравме и со Маја Бабиќ.

„Од првиот ден од 1991/92 година, сум на некаков начин дел од `Глумците пеат` бидејќи првите години дома кај нас се правеа. Се се случуваше дома, со кафе и пијалок. Глумците се маестрални пејачи“ – вели Бабиќ.