Српски аналитичари: „Потпишување на било каков договор само по себе не може да доведе до нормализација на односите Србија – Косово“

„Нормализација е можна, сега е моментот, на сите ни е јасно дека потпишување на било каков договор само по себе не може да доведе до нормализација. Треба да се работи на помирување на двата народи. Патот ќе биде долготраен, но сега сме на пат да дојдеме до договор кој ќе понуди одредена перспектива долгорочно“ вели Милена Лазаревиќ – Програмски директор на Центарот за европски политики – Белград

Таа вели дека „Вучиќ инсистира дека никогаш Србија формално нема да го признае Косово. Не е реално дека ќе се случи тоа во блиска иднина“.

Прашење е како реториката на владејачката коалиција ќе влијае на менувањето на јавното расположение во Србија, вели Лазаревиќ.

„За односите со Косово досега се зборува во негативен контекст“ вели таа.

„Нормализација на односите е можна, но клучните елементи се имплементација од она што е договорено во Брисел. Клучно е односот на медиумите и во Србија и на Косово, како се прикажува другата страна“ – вели Игор Новаковиќ – директор на Центарот за меѓународни и безбедносни работи – Белград.

Тој вели дека „Вучиќ не излегува првпат со идејата за национално обединување на Србија. Таа циркулираше и пред парламентарните избори, мислам дека треба да се утврди фронт пред се против партиите од десниот центар кои се во Парламентот и дека е целта да се оневозможи една цврста критика“.